Иван Јорданов, градоначалник на Штип во своето гостување во „Утрински печат“ зборуваше за решавање на сообраќајниот метеж каде најави неколку проекти за решавање на овој проблем.
Започнавме со одредени проекти поврзани со решавањето на сообраќајниот метеж. Паркинг местата кои што се бараат исто така се наш приоритет. Започнавме со проширување на двете главни сообраќајнци во централното градско подрачје со цел да се зголеми паркинг просторот во централното градско подрачје. Исто така во следна фаза како проект е конзолите на река Отиња и катните гаражи кои што очекувам да бидат веќе започнати со градба се со цел да дојде до намалување на сообраќајниот метеж, рече Јорданов.
Градоначалникот Јорданов во текот на своето гостување се пофали и со тоа што после 20 години градот Штип ќе добие јавен градски превоз каде првично ќе бидат набавени 6 автобуси.
Во насока на ова очекувам следниот месец да се распише тендер за набавка на 6 нови автобуси и конечно да се воспостави јавен градски превоз во општина Штип. Јавното претпријатие кое што опстојува до сега и функционира доби дејност на претходната седница на советот за управување со јавниот градски превоз. Веќе сме во постапка на тендерирање на 6 нови автобуси кои што ќе се обраќаат на 6 линии во 8 периоди од денот кои што ќе ги опфаќаат најголем дел од населбите во град Штип. Примарно подалечните населби во време кога имаме зголемени такси услуги, кога имаме инфлација и кога имаме зголемена цена на нафтата сметам дека е крајно време да во Штип се воспостави овој јавен градски превоз кој ќе допринесе и до намалување на сообраќајниот метеж, додаде Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.