Многу чорби, една манџа…

Ова е краткиот коментар на поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов пред официјализирањето на кандидатите за нов претседател на неговата партија СДСМ.

Постапката за кандидирање трае до четврток, а засега својата кандидатура ја потврдија поранешниот министер за здравство и најдобар пријател на Зоран Заев, Венко Филипче, поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска и првиот човек на ТИРЗ Јован Деспотовски, кому ова ќе му биде втор обид да застане на чело на партијата.

Иако на почетокот како можен кандидат се споменуваше и самиот Шилегов, засега нема поднесено кандидатура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.