Поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов, смета дека било погрешен потег што генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ, присуствувал на промоцијата на „Нова алтернатива“, новата партија на сегашната градоначланичка на Скопје, Данела Арсовска.
Според Шилегов, станува збор за политички субјект, кој не заслужува такво ниво на внимание од СДСМ
Немаме политичка одлука зошто секретарот на партијата бил таму, не знам зошто тој беше таму. Дали бил приватно, не знам. Ако паријата добила покана, во ред е да се појавите таму, но не мислам дека таа партија и тој субјект го заслужува тоа високо ниво на присуство на Социјал-демократскиот сојуз“, изјави Шилегов во гостување во Дневникот на Сител.
(Изјавата на Шилегов е на 14.20 од видеото)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.