Владата на Република Македонија денеска ја одржа 58-та редовна седница на која покрај премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата присуствуваше и се обрати и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел.

Високиот претставник на Европската Унија денеска е во еднодневна посета на нашата земја, во чии рамки одржа средба и прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

На седницата, уште еднаш беше потенцирана поддршката и заложбата на Европската Унија за почеток на преговорите со Македонија и беше истакнато дека во овој период се клучните моменти за одлука за напредокот на нашата држава од економски, политички и социолошки аспект.

Пред министрите, беше потенцирано дека европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и дека преговорите може да почнат веднаш по одобрување на истиот.

Во рамки на 58-мата редовна седница, Владата го усвои дополнетиот Предлог-буџет на Република Македонија за 2022 година, по што ќе биде испратен во Собранието.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.