Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје континуирано и доследно работи на постигнување на европските норми и стандарди во наставната, научната и апликативната дејност а ние како Министерство за образование и наука сме тука да го поддржиме. Определбата на оваа Влада за интензивно вложување во високото образование произлегува од ставот дека нема алтернатива за унапредувањето на научно-истражувачката работа како услов за побрз општествено-економски развој. Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешниот состанок со ректорската управа на УКИМ.

Во предизвикувачки услови во какви што живееме и работиме, уште поважна е конструктивната и постојаната поддршка што ја дава МОН за реализација на висококвалитетно и вредно образование. Денеска ги слушнавме размислувањата и предлозите на ректорската управа на УКИМ и изразивме подготвеност заеднички да изнаоѓаме решенија за сите прашања, за кои можеме да интервенираме, не нарушувајќи ја академската автономија, рече министерот Шаќири.

Министерот информираше дека посетата на  УКИМ е дел од агендата за посета на сите високообразовните установи во државата, која ќе се реализира во следниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.