Од јануари директорката на Државен испитен центар (ДИЦ) ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто, изјави денеска министерот за образование Јетон Шаќири кој гостуваше на ТВ 24.
Синдикатот на ДИЦ од 11 декември го продолжи штрајкот кој го почна во мај, бидејќи не беа задоволни од одговорот од Министерството за финансии за зголемување на платите на вратените во оваа институција. Со штрајкот е загрозено е полагањето на државаната матурата. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор.
Не ми се допаѓа оваа ситуација со Државнииот испитен центар и условувањето со блокада на 500 наставници и директори кои треба да добијат лиценци, а условот е зголемување на платата. Веќе седум месеци дискутираме за овој проблем, а еве веќе од јануари ова може да биде надминато. Има нов колективен договор, нови одлуки на Министерството за финансии и нов начин на зголемување на платите. Од јануари директорката на ДИЦ ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто. Мислам дека со тоа проблемот ќе се реши. Јас никогаш не велам дека не треба повисоки плати. Но, кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници, тоа не е во ред, изјави Шаќири.
Вработените во ДИЦ бараат покачување на платите за 25 отсто и измена на посебниот колективен договор. Од 11 месецов тие решија да го продолжат повеќе месечниот штрајк, кој во месец мај беше прекинат за да биде спроведена државната матура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.