Семејството со бебе старо неколку дена, кое вчера тргна од украинскиот град Харков, се уште не се излезени од Украина, информираше денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
–Денеска уште едно семејство од Запорожје преку воз излегуваат од Украина и двајца поединци исто така од нашите граѓани од Киев со кола се приклучени на еден конвој, додека останатите 15 монитори од специјалната мисија денеска исто така ја напуштија Украина. Другите граѓани, ги комуницирале вчера, бидејќи денеска обезбедиле еден коридор. Меѓутоа, прашањето е што тие не можат да стигнат до местото каде што тргнува тој безбеден коридор поради различни причини – безбедносни причини, немаат ниту гориво за да можат да се движат безбедно низ тој коридор, така што имаме неколку околности коишто ги имаме предвид, меѓутоа комуницираме за да создадеме коридори коишто се поблиску до нивното место на наоѓање, вели Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.