Продавање магла е предлогот на Зијадин Села Уставниот суд да одобрува одлуки со Бадентерово мнозинство или двојно гласање за да се избегне прегласување по етничка основа, смета Арбен Таравари.

„Јас, господине Села и господине Ахмети, не разбирам зошто сега ви текна дека треба да има бадентер во Уставниот суд. Господинот Села, како близок пријател на господинот Ахмети, имаа апсолутна, локална и централна власт веќе 22 години. Зошто не донесоа закон уредно за албанскиот јазик? Зошто не го донесоа да се гласа во Уставен суд? Сега ви текна? Да ви дадеме уште 22 години да направите такво нешто? Зошто не го направија тоа до сега? Значи, продавањето магла и филозофија е многу лесно. Имаа моќ и не направија ништо“, вели Таравари за „Алсат М“.

Одлуката на Уставниот суд за „Балансерот“ ДУИ ја оцени како директно прекршување на клучните одредби од Уставот“ и смета дека со неа „се загрозуваат темелите на нашето мултиетничко општество“.

„Со оваа одлука се нарушува правичната застапеност на Албанците во државните институции, односно нема повеќе работа за Албанците. Поради тоа, ДУИ апелира за итно преиспитување на оваа одлука, со цел да се заштити интегритетот на уставниот поредок и да се обезбеди принципот на правична и соодветна застапеност да остане ефективен и применлив во практика“, велат од ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.