Првиот човек на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска соопшти дека се избрани раководителите на ограноците на АА во 18 општини.
Села рече дека со реформите во партијата се подготвени за избори, кои според него треба да бидат предвремени.
„Ние сме подготвени. Подготвени сме да излеземе на избори кога и да бидат објавени, додека нашиот став како Алијанса за Албанците е дека изборите мора да бидат предвремени за да се излезе од сите овие кризи кои се секојдневни, како на политички, така и на економски и на енергетски план“, рече Села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.