По околу три часа дебата на членовите на Централното собрание на Алијанса за Албанците (АА), претседателот на ова партиско тело Зијадин Села соопшти е изгласана иницијатива за разрешување на актуелниот партиски лидер Арбен Таравари. За да се одлучува за разрешувањето, пак, повика конгрес на 18 февруари.
„Како резултат и последица на оваа одлука (прифаќањето на иницијативата), другата точка беше да се оди на конгрес кој ќе се држи на 18 февруари и на кој ќе се одлучува за иницијативата што ја донесе Централното собрание на Алијанса за Албанците, а тоа е разрешување на претседателот на партијата, господинот Таравари, поради грубо кршење на статутот на партијата и тоа што треба да направи како претседател на партија“, рече Села по состанокот одржан денеска во Скопје.
Тој пред медиумите тврдеше дека мнозинството членови на Централното собрание присуствувале односно имало вкупно 108. Од нив, 106 гласале за иницијативата за разрешување, еден имало против, а еден воздржан. Таравари, како што беше и најавено, не се појави.
„Чекавме да дојде претседателот на партијата, господинот Таравари таму каде што припаѓа и каде му е местото, а тоа е на ова Централно собрание како највисок орган помеѓу два конгреси. Не дојде“, рече Села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.