Јас сум човек кој Уставот и законите ги почитува и не очекувам било кој, што добива плата, ужива привилегии на грбот на граѓаните овде кај нас, да не ги почитува македонските закони и македонскиот Устав, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Прашан за коментар за законот за јазици кој е пред Уставен суд, тој не очекува дека ќе има можности за било каква дестабилизација.
– Можеби мене ми претставува проблем нешто кое што е направено изминатиот период со Уставот и колку и да не се согласувам интимно и сум против тоа како што е користење Северна, пред нашето име, кое е дел од нашиот Устав, јас додека ја обавувам оваа функција ќе стојам пред тој знак, затоа што несакам на тој начин да го навредам македонскиот Устав и Макеоднските закони.
Некогаш реалноста може да не ви се допаѓа, но вие морате да ја прифатите таа реалност, ако навистина се борите за владеење на правото, нагласи Мицкоски на прес – конференцијата.
Според него, не секогаш работите во живото се онакви какви што посакувате и тоа, како што рече, е суровоста во оваа работа, која ја работат.
– Ова е правило на игра, а правилото вели: владеење на право, почитување на закони и почитување на устав. Тука не треба да има никој дилема поврзана со тоа прашање.
А тоа што сега замолив јас и повторно замолувам да не се прави притисок на отворена сцена врз судовите колку и да е таа доверба на тие судови партизирана и оптруирани од претходната влада на СДСМ и ДУИ и ниска, истакна Мицкоски.
На новинарско прашање на која страна тежи неговото посветување меѓу законитоста и уставноста на законот за јазиците и политичката одлука и длаи смета дека треба да повика лидерска средба или да заседава Советот за безбедност, тој повтори дека нема индиции за загрозување на безбедноста и состојбата во моментот била стабилна.
– Но, има одредени структури во општеството кои имаат намера за да го заштитат својот криминал на стекнат капитал да предизвикаат инциденти и одредена дестабилизација.
Доколку тоа се случи ние имаме намера многу објективно и многу резулутно да реагираме во заштита на безбедносната состојба во нашата татковина, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.