– Претседателот Стево Пендаровски за денеска со почеток во 12:00 часот закажа седница на Советот за безбедност, соопшти кабинетот на шефот на државата.

На дневен ред на седницата што ќе се одржи во вила „Водно“, ќе биде безбедносната состојба во државата и евроатлантскиот регион.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.