Претседателот на Собранието Талат Џафери за на 10 февруари ја закажа седницата на која ќе треба да се разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на таканаречената пржинска влада, информираат од Собранието.

Предлог-законот за измени на Законот за Влада по скратена постапка на 62 собраниска седница е ставен како пета точка и засега се уште како предлагачи се потпишани само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Иако најголемите политички партии СДСМ и ДУИ не се противат на укинувањето на техничката влада, сепак се уште е неизвесно дали и владејачките партии ќе се потпишат на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и ДУИ сметаат дека укинувањето на пржинската влада треба да биде со консензус на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино. Со ваков став излезе и претседателот на Собранието Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.