Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска седница ќе одржи Советот за безбедност, на која ќе биде разгледана актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.

На седницата, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, ќе присуствуваат редовните членови на Советот, Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор.

На покана на претседателот, на седницата на Советот ќе присуствуваат и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.