Не спласнува жарта со која Македонците на светот му покажуваат дека се непокорен народ. Револтиран, но мирен и пркосен народ, кој без насилство го оди својот пат. Народ, кој нема да потклекне и присилно да се побугарчи.

Да се обединиме под македонското знаеме, повика денеска организаторот на протестот, а илјадници Македонци повторно се одзваа на повикот.

Тргнувајќи од Владата, на патот кон Собранието, наспобраните пред Министерството за правда оставила тоалетна хартија и поралаа Уставот не е тоалетна хартија.

Протестниот марш засега се одвива мирно. Учесниците стигнаа пред Министерството за правда каде ги поставија транспарентите „Ова е Устав“, „Ова е тоалетна хартија“, „Ова се лисици“ и „Ова е Јустицијата, знаете што следи“, а потоа продолжија кон Собранието и веќе се таму.


На протестот се слушаат патриотски песни и скандирања: „Оставка“, „Никогаш Северна, само Македонија“ и „Македонија“, а меѓу учесниците се претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и пратеници, градоначалници и високи функционери од оваа партија.

Пред насобраниот народ прв се обраќа поранешниот дпломат, новинар и амбасадор, Мартин Треневски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.