Изминатиот период, во само три министерства предвони со министер од редовите на ДУИ, се распишани огласи за вработување на повеќе од 220 луѓе, анализира Антропол.
Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е апсолутен рекордер по бројот на лица што планира да ги вработи. Расорот што го предводи вицепремиерот Артан Груби, кој не редко во критиките од опозицијата е нарекуван „Премиер“, распишал оглас за дури 166 вработувања. 83 од овие вработувања треба да бидат помлади соработници за унапредување на употребата на јазиците на етничките заедници, коишто ќе работат за плата од 22 илјади денари месечно. Уште 83-ца треба да бидат помлади соработници за превод, лекторирање и редакција, исто така, за плата од 22 илјади денари.
Засега ова министерство нема образложено до јавноста, од каде се појавува потребата за вакво зголемување на бројот на вработените, веројатно е дека управуваните министерства од ДУИ сметаат дека не и должат објаснување на јавноста, единствено е јасно дека за нивната заработувачка народот ќе плати.
Нови вработувања бара и Министерството за финансии. Со него управува Фатмир Бесими, а неговиот пан е да се вработат речиси 70 луѓе. 17 за во самиот ресор (советници, соработници, референти, но и раководители на одделенија) и уште 51 извршител во Царинската управа. Финансии распиша оглас за цариници на Богородица, Блаце, на скопскиот аеродром, цариници во Битола, но и советници за во Централа.
Повеќе на Антропол
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.