Се подготвува Закон за амнестија за граѓаните кои не можат да ги платат казните поради непочитување на мерките за време на пандемијата. Нема да важи за рестораните, за кафулињата, за фирмите и за другите правни лица кои ги прекршуваа протоколите, објави Телма.

Освен социјалниот елемент, намерата на овој закон е да се избегне и одење во затвор на оние кои не можат да платат. Само во Кривичниот суд до сега над 200 граѓани добиле покана за затвор

Со Закон за амнестија, државата ќе им простува на прекршителите на мерките во ковид-19 пандемијата, дознава Телма. Предлог законот кој се изготвува, треба да го предложат група на пратеници од владеачкото мнозинство, велат нашите извори. Една од целите на законот е социјалниот момент, односно да им се помогне на граѓаните кои не можат да ги платат казните кои се движеа од 1 до повеќе илјади евра за двете кривични дела – Пренесување заразна болест и Непостапување според здравствените прописи во време на пандемија. Законот, според наши информации, нема да важи за фирмите, за институции, за угостителски објекти и за други правни лица кои не ги почитуваа уредбите и мерките ниту за нивните одговорни лица.

Другиот апсект, велат, е да се избегне пренатрупаноста на затворите, бидејки сите оние кои во рок од две години нема да ги платат паричните казни, казната им се заменува со затворска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.