Директорката на основното училиште „Кочо Рацин“ во скопско Петровец, Виолета Јаневска, која како што рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, еден ден по добиената дојава за бомба го известила МВР за упатена закана тврди дека мејлот бил испратен по завршувањето на работното време, кога немало кој да ја отвори пораката и немало ученици во училиштето.
– Mаилот е пратен вчера во 15 ч и 07 мин. по завршување на работното време на службите кои што што се задолжени за отворање на електронската пошта на училиштето и додека во моментот во училишната зграда нема ученици. Утрово по пристигнување на работното место ја отворив електронската пошта околу 7ч и 20 мин. пред почеток на часовите при што видов дека има порака со заканувачка содржина. По што го известив МВР и општината и учениците беа безбедно евакуирани во училишниот двор. Потоа пристигнаа единиците на Министерството за внатрешни работи при што беше констатирано дека дојавата за бомба е лажна, тврди директорката во статус на социјалните мрежи.
Таа додава дека и МВР не ги контактирало навремено.
– Сакам да прашам зошто кога на испратениот е-маил се гледа до кои училишта е пратена пораката меѓу кои е и нашата е маил адреса МВР вчера не нѐ контактира да праша дали сме добиле порака со заканувачка содржина а веќе се знаело до кои училишта е пратено???, прашува Јаневска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.