Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 обвини дека во општината се распишувале тендери откако работата веќе била завршена.
Еден од примерите за злоупотреба е тендерот за велосипедската патека, кој е објавен по завршувањето на работата, а пред изборите. За ова веќе има и кривична постапка. Друг случај е што со договорите за телефонски услуги потпишани на 2 години со А1 и со кои се купувале повеќе од 20 скапи телефони во вредност од 1000 евра, Самсунзи, Ајфони. Имаме 340 двегодишни договори со А1 кои не можеме да ги раскинеме затоа што ќе плаќаме пенали. И за ова секако веќе се води постапка, додава Касами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.