Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска попладнево беше меѓу граѓаните на Тетово.

На средбите со граѓаните Лукаревска истакна дека Советот во секоја општина е важно тело кое носи одлуки за иднината и затоа е важно тој да биде составен од чесни, докажани и угледни индивидуи и дека токму такви се кандидатите за советници на советничката листа на СДСМ и коалицијата.

Лукаревска посочи дека Владата предводена од СДСМ досега инвестирала во бројни капитални проекти што го унапредуваат квалитетот на живот на тетовчани и дека тоа ќе продолжи да го прави и во иднина, повикувајќи ги граѓаните на изборите на 20 август да го дадат својот глас за советничката листа на СДСМ и Коалицијата.

Глас за советничката листа на СДСМ е глас за напредно, модерно, европско Тетово кое обезбедува шанси за сите подеднакво, затоа на 20 август на дадеме поддршка на овие докажани, чесни и угледни кандидати кои се подготвени да работат посветно и домаќински за својот град, за својата општина, заклучи Лукаревска.

Носителот на советничката листа Глигорије Стојановски, пак, ги повика сите кои сакаат европско Тетово да гласаат за бројот 1. Тој ја обвини актуелната градска власт за етничка поделба.

Сите го сакаме наше Тетово. Сите посакуваме нашиот град да оди напред, да се развива и да чекори во правец за кој се стремиме повеќе од триесет години. Патеката по која тргна нашата држава, а по неа и Тетово, всушност ја отсликуваат многубројните проекти со кои нашата СДСМ, со помош на Владата, во изминатиот мандат успеа на локално ниво да допре речиси во секој аспект од општествениот живот. Вложени беа многу средства токму во нашата Општина.

Како човек од културата мора да ја потенцирам и организацијата на Тетовското културно лето. Манифестација, која се одвиваше во духот на соживотот. Во една вечер се слушаше и пееше како албанска, така македонска, па и музика и песни од други, разни етнички култури кои го красат Тетово. Тука се препознаваше мултиетништвото кое го негуваме и претставува единствен столб за мирот и благосостојбата во нашиот заеднички град.

 Што се случува денес? Знаеме, и бевме сведоци на овогодишното Тетовско културно лето, одржано раздвоено по етникум, базирано на националност и со намера за разединетост.

Во овој контекст, морам да го напоменам избраниот почесен граѓанин од друга држава, без консензус и незаконски, без вообичаената правна пракса кога станува збор за назначување на личност од вакво големо значење. Тетовчани се длабоко разочарани.

Ваква локална политика води само кон поделби и омраза, посоч Стојановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.