Е сега кога ја слушнав министерката за култура, она со китарата и Васко Жабата ми има поголема смисла. Таа всушност сака уметниците да го расположуваат народот, коментира професорката Билјана Ванковска.

Според неа, она „слободно нека творат“ на министерката Бисера Костадиновска Силјановска звучи како закана.

На дообјаснувањето на министерката, Ванковска реагира уште поостро:

Госпоѓа министерка уште и се дообјаснува! Не сме ја разбрале добро! И замислете, таа ЛИЧНО гарантира дека немало да има цензура – ДОДЕКА Е ТАА МИНИСТЕРКА!!! Значи, батали Устав, батали човекови права, чувај ја Бисера на министерско место!, порачува Ванковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.