Од владејачката СДСМ порачуваат најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ сите документи што го има за тајни имоти да ги постави до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Синоним за криминал, корупција и незаконски имот стекнат со пари украдени од граѓаните е Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

Судската пресуда Талир 2 докажа дека Белиот дворец е стекнат со злоупотреба на милионски суми, врз грбот на граѓаните. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел.

Се докажа дека ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.

Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека погледне во своите редови и својот дворец.

Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот треба да ги достават до надлежната институција – ДКСК, за понатамошно постапување се вели во соопштението на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.