Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги сумира вкупните резултати од гласањето на парламентарните избори, вклучувајќи го и прегласувањето. Веќе течат роковите за приговори до петок, 19 часот, а за сумирање и утврдување на резултите до петок, 22 часот.

Од досега обработените податоци, градоначалници се избрани во 34 општини. Од нив, во 22 општини новите градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, во девет општини се на СДСМ, а во три општини најмногу

Како што информира претседателот на ДИК, Александар Даштевски на прес-конференција, во изборната единица (ИЕ) 5 коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 74 287 гласови или 10 мандати, коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ има 27 278 гласови или четири мандати, коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ доби 26 668 гласови или три мандати, Левица има 9 850 или еден мандат, коалицијата „Вреди“ 10 793 еден мандат и ЗНАМ 8 671 или еден мандат

Во ИЕ 6 „Европски фронт“ освои 53 731 глас или осум мандати, „Вреди“ 47 849 гласови или 8 мандати, „Твоја Македонија“ има 21 639 или три мандати, а „За европска иднина“ освои 6 414 или еден мандат.

Прегласување во петата изборна единица се спроведе на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во шестата изборна единица на избирачкото место 2101 во Желино.

Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 гласач. Во избирачкото место 2101 во Желино право на глас имаат 993 гласачи, во избирачкото место 1194 во Крушево право на глас имаат 470 избирачи, во 1202 исто така во Крушево 298, во 1272 во Охрид 712, во Долнени во избирачкото место 1470 – 659, додека во 1470/1 – 634 и во избирачкото место 1844 во Струга 755 избирачи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.