ВМРО-ДПМНЕ на чело со и Христијан Мицкоски останува деструктивна партија која дополнително ја отежнува состојбата во време на светска економска и енергетска криза, вели СДСМ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски блокираат над 130 законски решенија во Собранието, кои се во интерес на граѓаните и државата.

Со недели го одолговлекуваат законското решение, кое треба да обезбеди финансиска помош за околу 200.000 граѓани од ранливите категории во наредните четири месеци.

Поради свесно и намерно блокирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ЕБОР стопираше 100 милиони евра за поддршка на АД ЕСМ, наменети за справување со енергетската криза.

Со опструкции и блокади ВМРО-ДПМНЕ работи против интересите на државата и на сите граѓани.

Очигледна е разликата помеѓу одговорниот државнички пристап на Ковачевски и деструкциите и неодговорното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои по секоја цена дејствуваат на штета на државата и граѓаните, се вели во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.