Деновиве се потврди уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, асимилација и бугаризација на Македонците немаат никаква врска со реалноста, тоа е очајнички обид на Христијан Мицкоски за заплашување на граѓаните, велат од СДСМ.
По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ користи опасни манипулации и тези со кои ги поткопува нашите загарантирани позиции за зачувување на јазикот и индентитетот во преговорите со Бугарија. Нивната желба е по секоја цена да ги деградираат граѓаните со цел политички да профитираат. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ директно ја подржаа резолуцијата на ЕПП со која се бранат позициите на Бугарија и се директно на штета на нашите граѓани, додека дома глумат патриоти. Лагите и лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат крај, велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.