Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук објави делови од францускиот предлог за кој владата и Ковачевски тврдеа дека го немаат видено. Предлогот е со денешен датум и веќе циркулира во Брисел

Во него јасно се гледа дека бугарските барања во целост се вметнати во текот на преговорите. Како прво ќе мораме да ги вметнеме Бугарите во Уставот.

Процесот на Стабилизација и асоцијација кој досега беше засебен, ќе стане составен дел од реговарачката рамка со ЕУ и преку него ќе се вметнуваат нови барања и услови поврзани со Рамковната Декларација на Бугарија од 2019 година.

 

Со ова се потврдува дека францускиот предлог е целосно на страната на Бугарија и оти Македонија е ставена пред сврешен чин.

 

 

 

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.