СДСМ продолжува со политиката на покачување на платите и вреднувањето на трудот на работниците, но само преку дијалог меѓу засегнатите чинители, велат од партијата, додавајќи дека потврда дека само преку социјален дијалог може да се дојде до решение е постигнатата согласност меѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во градинките, основното и средното образование, за 12 отсто.
Покачувањето согласно ова усогласување треба да се реализира, со ребалансот на буџетот. За жал, штета поради штрајкот на СОНК претпреа учениците, губејќи две недели настава, и дополнително ќе се утврди како соодветно да се надомести. СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците и во изминатиот период ги покачи платите во образованието за 21 отсто. Како одговорна партија СДСМ продолжува посветено да работи на подобрување на животниот стандард дури и во услови на најголема економска криза, велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.