Стево Пендаровски е победнички кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата, велат од СДСМ.

Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Во неговиот прв мандат земјата стана членка на Алијансата, а сега е време за наредниот чекор, во вториот мандат на Пендаровски државата да стане членка на ЕУ. Македонските граѓани сакаат прогрес, стабилност, мир и спокојство! Токму затоа граѓаните ќе дадат поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.