Го осудуваме дивеењето на Левица во Собранието, кршењето и нападот на потпретседателот на Собранието и генералниот секретар, реагираат од СДСМ по денешниот инцидент во Собранието.
Во соопштение до медиумите, од СДСМ велат дека поради разумот на мнозинството не дозволиле во македонското Собрание да се реализира, како што велат „смислено сценарио и обид за предизвикување физички конфликти и хаос“.
За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица. Очекуваме надлежно јавното обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави. На еден многу лош начин граѓаните видоа што значат сценаријата на Левица. Ова што денеска го гледаат граѓаните е потврда на она што го говориме цело време, посочуваат од СДСМ.
Со Левица, посочуваат од СДСМ, можни се само инциденти, насилства и хаос.
Односот на Левица кон институцијата Собрание е однос кон државата, денес компјутерот во Собрание утре народот. СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица да успеат, се вели во ракцијата од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.