Министерството за внатрешни работи во декември минатата година склучи договор за набавка на нови регистерски таблици и на налепници за регистрациите на кои ознаката „МК“ ќе се замени со „НМК“.

Договорот е склучен со фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците. Цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари.

Граѓаните најдоцна до 12 февруари треба да ги променат регистарските таблички и на нив да има ознака „НМК“ наместо досегашната „МК“, обврска која произлегува од Преспанскиот договор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.