Од СДСМ известуваат дека денеска, недела, 21.04.2024 година, со почеток во 13.00 часот, пред зградата на ЕУ во Скопје, ќе се одржи митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

На митингот свои браќања ќе имаат: Стефан Левен – претседател на ПЕС (Партија на европски социјалисти), Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ и Стево Пендаровски – кандидат за Претседател на Република Македонија, а куси обраќања ќе имаат и носителите како и коносителите на изборните листи на СДСМ и Коалицијата.

Пренос во живо ќе се емитува на официјалните профили на Фејсбук како и на Јутјуб каналот на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.