Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот мандат на СДСМ, најави СДСМ. Велат во новиот мандат на СДСМ просечната плата ќе биде над 1.000 евра, додека пак минималната ќе биде 600 евра.

СДСМ ги остварува ветувањата на граѓаните, а така и го започна својот прв мандат, со ветување за зголемување на просечната плата од 500 евра, која достигна уште поголем износ од 650 евра. Тука не застануваме, затоа што платите на граѓаните ќе продолжат секојдневно да растат – коментираат од партијата

Европски стандард за сите, подобри услови за стопанството, раст на економијата, одговорност за менаџирање со буџетот, со што всушност се овозможува платите на граѓаните секојдневно да растат, е во фокусот на СДСМ и во новата програма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.