Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство како надлежни институции покажаа посветеност и професионалност на високо ниво во расветлување на грозоморните убиства, кои го потресоа целото општество и тоа е за поздравување, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Во рамки на своите законски надлежности МВР и Јавното обвинителство навреме преземаа соодветни, интензивни активности и ги пронајдоа сторителите на грозоморното злосторство, монструозните убиства на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Очекуваме во најкраток можен рок сите сторители и инволвирани да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност за злосторството“, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.