Со денешната постапка Христијан Мицкоски се обидува да изврши упад и ја загрозува истрагата за Онкологија. Ако навистина има докази Мицкоски треба да ги поднесе до надлежни институции, пред се до надлежно Јавното обвинителство. Од каде знае Мицкоски дека овие информации веќе не се дел од истрагата? Јавно објавување значи директно загрозување на истрагата за Онкологија. Прикривање докази исто така е кривично дело. Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и прашање е која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата. Очекуваме реакции од надлежните институции за овој чекор на Мицкоск – изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ, како реакција на денешната прес-конференција на која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коциќ додаде дека одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има без пардон, независно од политичката или етничка припадност.

После 20 години, гласини и индиции во голем број на сектори, а особено во здравствениот сектор, за прв пат во време на СДСМ институции влегоа и направија акција за расчистување. Одговорност ќе има за сите – изјави тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција за скандалот во Онкологија и аферата „Диво месо“ истакна дека канцер мафијата купувале и складирале лекови, иако имало на залихи, но ова што го правеле омилени веледрогерии на власта заработувале милиони на грбот на граѓаните.

Мицкоски нагласи дека со овие лекови кои требало да спасат човечки животи претставувале можност за профит на грбот на здравјето на луѓето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.