Министерката за култура воопшто не се огради, не пак да го осуди настанот. Повторно морам да кажам, зборуваме за потрошени пари на граѓаните на Република Македонија и најголем дел од нив преку таа прослава и исвиркувањето на некој начин се навредени нашиот идентитет, нашиот јазик, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарско прашање за немањето осуда од страна на власта за исвиркување на македонскиот јазик за време на прославата за Рамковен.

Димитриеска Кочоска која присуствуваше на присуствуваше на протестот на оризопроизводителите во Оризари посочи како да очекуваме да не почитуваат нашите соседи, кога самите не се почитуваме и додаде дека СДСМ не го осудува ова однесување затоа што треба да си го осудат коалициониот партнер со кој се заедно во криминалите.

– Треба да излезат и да го критикуваат коалициониот партнер, а тоа е ДУИ. Но тоа е една здружена криминална банда која заради криминал и корупција ќе ги премолчи сите работи. Оттука министерката за култура нема храброст да искоментира било што, рече Димитриеска Кочоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.