СДСМ и ДУИ, на денешната расправа за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија ги повлекуваат заклучоците што ги предложија. Пред два дена координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски изјави дека како пратеничка група поддржана од пратениците од владејачкото мнозинство предлага заклучоци за заштита на јазичните, идентитетските, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ, потенцирајќи дека се водат од врвните национални државни интереси, стратешката определба за членство во ЕУ со целосно заштитен македонски јазик, идентитет и посебност.

Но денеска тие заклучоци се повлечени. Во Собрението се коментира дека ваквиот чекор е направен со цел да не се забележи неединство. Неофицијално заради тоа што пратеничката од ЛДП, Маја Морачанин, Павле Трајанов и уште двајца пратеници од СДСМ најавиле дека ќе гласаат против или ќе бидат отсутни од гласањето.

Собранието денеска ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонја со ЕУ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.