За само една година ВМРО-ДПМНЕ направи катастрофа во Град Скопје, велат од СДСМ и додаваат дека јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба, а од неодамна Скопје повторно е еден од најзадените градови во светот. Од партијата обвинуваат дека една година ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за да го спречи загадувањето, иако во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на овој проблем.
Напротив, се што градската власт на ВМРО-ДПМНЕ прави во овие 14 месеци не е спречување туку поттикнување на загадувањето. За оваа година, за три пати беа намалени средствата за животна средина во градскиот буџет, а сериозно намалени беа и средствата за субвенционирање на купување инвертори. Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови, а дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови. Центарот на Скопје но и многу урбани населби се преплавени со смет и ѓубре. Сето тоа е последица на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ каде ги интересираат рацете во медот, но не и интересите на граѓаните и Скопје. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалнци, додаваат од СДСМ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.