Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, платил 20.000 евра за едно ноќевање во лускузен хотел, открива албанскиот портал „Ора њуз“, кој објави истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, но меѓу нив се најде и функционерот од македонската влада.

Според информациите на „Ора“, Буши престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој е огромен простор од 850 метри квадратни, пишува порталот.

На ова видео јасно се гледа дека заменик министерот го снима ентериерот на луксузниот апартман.

Во друг момент на видеото се гледа и синот на заменик министерот, Ќерим Буши во друштво на две девојки.

Спонтано, пишува порталот, се поставуваат некои прашања:

– Може ли г. Буши треба да плати 20.000 евра за ноќевање во хотел, кога се знае дека има месечна плата од околу 1.500 евра?

– Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин?

– Со кое лице патувал г. Буши во Истанбул во октомври 2020 година?

Во наредните денови Тв Ора ќе објави и други материјали, каде познати личности од политиката директно или индиректно се поврзани со луѓе кои имаат матно минато и се обележани од правдата, ветуваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.