Алијанса за Албанците денеска преку соопштение побара Јавното обвинителство да го истражи скандалот на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, во врска со неговиот престој во луксузен хотел во Истанбул во октомври 2020 година. „Овој престој е вреден десетици илјади евра, а според признанието на самиот заменик министер, е платен од непознати лица, што пак, според важечките закони, претставува незаконски подарок“, нагласува партијата.

Поминаа две недели откако Алијанса за Албанците до Државната комисија за спречување корупција достави пријава за сомневање за корупција против Назим Буши, заменик министер за внатрешни работи. До денес, оваа Комисија нема преземено никакво конкретно дејствие или одговор на извештајот, освен телефонска потврда дека пријавата е примена.

Неуспехот на надлежните институции да го истражат овој коруптивен случај уште повеќе ги зајакнува сознанијата дека кај нас нема правда и дека таа е во служба на политиката и организираниот криминал. Со непостапувањето на Државната комисија за спречување корупција, за жал оваа институција се реди во иста група со партизираните судови и обвинителства, наведува Алијанса за Албанците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.