ВМРО-ДПМНЕ повторно го покажа своето лицемерие и на дело ја покажа негрижата за граѓаните, велат од СДСМ, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ со своето срамно и дрско однесување повторно ја блокираше постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.
ВМРО-ДПМНЕ спречува над 27.000 наставници и стручни соработници да земаат повисока плата, спречува трансформација на работниот однос на над 4700 наставници. ВМРО-ДПМНЕ цела година спречува соодветно вреднување на трудот на наставниците и стручните соработници кои предаваат во комбинирани паралелки со деца со попреченост или имаат дополнителни задолженија. Ова покажува колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за образованието. За нив тесниот партиски интерес и ситни политички калкулации се поважни од квалитетно образование во нашата држава. СДСМ и коалицијата нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно однесување да го спречи развојот и покачувањето на стандардот на граѓаните. Наставниците и стручните соработници ќе добијат повисоки плати, се вели во соопштението од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека законот што СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците.
Нема крај на лицемерието на СДСМ, владејачкото мнозинство го одби амандманот на законот за минимална плата на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и владејачкото мнозинство искрено да се грижеа за покачувањето на платите на наставниците и професорите, ќе го усвоеја амандманот кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ преку амандманот побара да се усогласат платите во јавниот сектор со минималната плата и да дојде со коефициентот на сложеност на работните места. Со ова ќе се испочитува и Колективниот договор во образованието, а наставниците и професорите ќе добиеја поголема плата, до 45 илјади денари. Тензиите кои ги исценира СДСМ во комисијата за образование и наука во Собранието се со цел да се протне на мала врата закон за партизација на образовниот кадар во училиштата, а не како што сакат да прикажат- грижа за наставниците. Законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците, туку целосна партизација во образованието. Лажната грижа на СДСМ за просветните работници и административниот кадар во образованието излезе на виделина. СДСМ и администраторот Ковачевски се против подобрување на стандардот на граѓаните. Тие единствено мислат за нивно лично богатење, а не на поквалитетен и подобар живот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.