Од партијата на власт оценуваат дека случајот Феникс, уште еднаш го потврди вистинско, криминално лице на ДПМНЕ.
Според СДСМ, 15 лица, меѓу кои и поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ се осомничени дека злоупотребиле 57 милиони евра пари на граѓаните за 11 споменици од Скопје 2014.
„Скопје 2014 е ултра криминал на ДПМНЕ каде преку различни шеми врз грбот на граѓаните се перени пари кои завршувале во џебовите на неколкумина од Белата палата. Дури и седиштето на ДПМНЕ е криминално стекнат имот, врз грбот на граѓаните. Бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ, меѓу кои и за злосторничко здружение. Сето ова се факти кои не говорат добро за ДПМНЕ, напротив“, се истакнува во информацијата од оваа партија.
Додаваат дека наместо Мицкоски да побара целосно расчистување на сите случаи и одговорност на секој што го прекршил законот тој го брани криминалот на ДПМНЕ.
Тоа, според СДСМ, покажува дека ништо не се променило во ДПМНЕ, тоа е истата режимска, криминална партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.