Според инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски, „итна одлука“ донел новиот сопственик Мат Ишбија веднаш по поразот од Денвер во натпреварот 6 од 2. коло од плеј-офот.

Ишбија, наводно, ја презел целосната контрола врз кошаркарските операции на организацијата, вклучително и преговорите за февруарскиот трејд на Кевин Дурант и сега отпуштањето на Вилијамс.

Сè уште нема јасен кандидат за замена. Вилијамс имаше уште три години од договорот. Се очекува тој да стане баран на пазарот. За неговите услуги е заинтересиран Торонто.

Во 2021 година, под водство на Вилијамс, Санс стигнаа до финалето на НБА, губејќи од Милвоки во шест средби. Во 309 натпревари од регуларната сезона, Вилијамс победи на 194 од нив – 63%. Резултатот на Феникс во четири сезони пред доаѓањето на тренерот е 87-241. „

Сонцата“ минатата година заврши на првото место на Западот (64-18), а Вилијамс ја доби наградата за најдобар тренер на годината во НБА-лигата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.