Девин Букер постигна 23, а Микел Бриџис 21 поен за Феникс, кој го победи Мајами со 111:90 со што стана првата екипа во НБА лигата што веќе обезбеди учество во плејофот.

Букер, кој се врати по четири натпревари пауза поради корона вирус, додаде девет асистенции и осум скокови.

Фениксго подобри најдобриот скор во лигата од 53 победи и 13 порази и сезонава веќе ги совлада сите останати 29 тимови во НБА, што е првпат таков успех на тимот по сезоната 2006-07. И покрај поразот, Мајами останува екипа со најдобар скор во Источната Конференција.

Деандре Ејтон мечот го заврши со 19 поени (9 од 10 од игра) и 10 скокови, а Џавејл Мекги реализира 11 поени и 15 скокови.

Данкан Робинсон постигна 22 поени за Мајами, за кого ова е само третиот пораз во последните 15 натпревари.

Бам Адебајо и Тајлер Хиро постигнаа по 17 поени за Мајами, каде што не играше Џими Батлер поради проблеми со синусите.

Резултати на останатите натпревари:

Шарлот – Бостон  101:115

Детроит – Чикаго  108:114

Милвоки – Атланта  124:115

Хјустон – ЛА Лејкерс  139:130 (прод.)

Минесота – Оклахома  132:102

Њу Орлеанс – Орландо  102:108

Далас – Њујорк  77:107

Сан Антонио – Торонто  104:119

Јута – Портланд  123:85

Сакраменто – Денвер  100:106

ЛА Клиперс – Вашингтон  115:109

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.