Градоначалникот на Општина Сарај и актуелен организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени за пратеничка во Собранието.
Од денеска започнува моето ново патување како пратеник во Собранието. Ветувам дека ќе бидам гласот на волјата на народот и ќе докажам дека легитимитетот на албанскиот глас му припаѓа на Европскиот фронт. Продолжуваме обединети за европска држава и подобар економски развој, напиша Беџети на Фејсбук.
Тој беше пратеник од 2006 до 2009, а и министер за правда во периодот 2011-2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.