Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска упати честитка до граѓаните од исламска вероисповест по повод празникот Курбан Бајрам.

Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од исламската вероисповест да им го честитам големиот муслимански празник Курбан Бајрам. Посакувам овие празнични денови да Ви донесат среќа, мир, спокојство, хармонија и здравје, стои во честитката.

Празникот Курбан Бајрам, како што наведува, е празник кој потсетува на хуманоста и солидарноста кои се основните човечки вредности. Според него, да се помогне и да се подаде рака на оној на којшто му е потребна е израз на човечноста.

Македонија многу пати досега докажала дека луѓето од различна вера или етничка припадност многу пати досега си подале рака и се подржувале во предизвиците со кои се соочувале. Проблемите со кои се соочуваме ги делиме сите, затоа сметам дека само работа, сплотеност и заеднички труд можат да не исправат пред сите неправди и заедно да ги помине предизвици и премрежјата. Мораме напорно да работиме и да создаваме државата во која главна водилка ќе ни биде сплотеноста и толеранцијата и која ќе обезбеди иднина подеднакво за сите граѓани, се вели во честитката од Мицкоски.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.