Македонија во декември ќе биде домаќин за завршниот Самит на ОБСЕ како земја претседавач. Во салата „Борис Трајковски“ ќе дојдат високи гости, а таа цел во арената се прават подготовки и адаптација. Преуредувањето на салата го прави омилената фирма на ДУИ Еуровиа“ за 1,8 милиони евра.
Што би се рекло во една реклама „но тоа не е се“.
Министерството за надворешни работи ќе плати 960 илјади евра за изнајмување возила за министрите и делегациите на нивните земји, Тендерот е завршен, а два договори се веќе склучени со компанијата „АБЦ рент а кар турс“ ДООЕЛ Скопје.
Она што интересно во договорот е дека возилата не смеат да бидат со повеќе од 200.000 километри.
„Возилата треба да бидат во техничка исправна состојба, со репрезентативен ентериер и екстериер и со полн резервоар гориво. Изминатата километража на ВИП патничките автомобили на денот на примопредавање (24 ноември 2023) не смее да биде поголема од 200.000 километри“, пишува во договорот на набавка.
Нејасно е зошто МНР се одлучило да изнајми возило со речиси 200.000 поминати километри, кога за речиси милион евра може да се купат триесетина солидни нови возила кои чинат околу 30.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.