Ситуацијата со ковид инфекции е смирена и засега земјата е во зелена зона, но засега не треба да се носат избрзани одлуки, вели министерот за здравство Беким Сали за Радио Слободна Европа на прашањето дали ќе се укинат сертификатите за вакцинација против ковид. На денешната средба со комисијата за заштита од заразни болести ќе се разгледуваат нови предлози за мерки во однос на последните податоци од Институтот за јавно здравје.
Стравувањето од нов бран секогаш постои, и во минатото се докажа дека опаѓањето на броеви во која било држава не е гарант дека нема да има нов бран. Ние сме отворена држава, комуницираме со туристи кои што доаѓаат, и ние патуваме многу така што во едно општество кое е отворено и неограниченото движење на луѓе, секогаш може да се очекува зголемување на број на новоинфицирани вели Сали.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.