Министерот за здравство Беким Сали вели дека се уште не сме подготвени за целосно укинување на мерките против ковид-19.

Рече дека ја следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи сметаат дека уште не e време за целосно укинување на мерките или пак нивно намалување.

Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците, вели Сали.

Според него, важен индикатор дека се уште е рано да се укинат мерките, вели е бројот на пациенти кои се хоспитализираат. Министерот истакна и дека дел од ковид центрите во државата се затворени и дека нема потреба од дополнителни кревети.

Министерот за здравство е оптимист дека се уште има простор да се зголеми опфатот на вакцинација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.