Повеќе од 15 години изградбата на скопскиот Клинички центар е главна тема во медиумите, се појавува во сите изборни програми на кандидатите, но наместо по толку најави, сликања, потпишувања договори, поништени тендери, конечно да се изградеше, целиот процес повторно е вратен од почеток.
Сегашната власт најави дека проектот ќе чини околу 500 милиони евра, но како што дознаваме, тука не се предвидени трошоците за инфраструктура, вода, гас, електрична енергија… Во моментов, целиот процес е закочен во Собранието со 2.000 амандмани од опозиционерите. После толку години, откако е раскинат договорот, сега од италијанската компанија најавуваат тужба, а ресорното министерство ќе мора да плати 8,5 милиони евра поради раскинување на договорот.
„Фокус“ на оваа тема разговараше и со министерот Сали, кој ја потврди информацијата.
„Италијанската комапнија едно барање испрати во март, а сега има повторно. Тие поднеле барање за исплата на парите, во спротивно ќе тужат. Најверојатно целиот процес ќе се решава на Арбитражен суд во Париз“, тврди Сали во изјава за „Фокус“.
Претходно, тој најави дека ќе продолжат со изградбата на скопскиот Клинички центар на истата локација, каде беше веќе објавено, но засега нема ништо.
„Фокус“ испрати прашања и на двајцата поранешени министри Филипче и Тодоров, но до објавувањето на текстот не добивме повратни одговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.