Министерот за здравство, Беким Сали, информира дека италијанската компанија за раскинување на договорот за изградба на нов Клинички центар во Скопје бара оштета во износ од околу осум милиони евра.

Имаме еден документ којшто е побарување од осум милиони евра, за којшто исто така, немаме одговор од истата компанија којашто го доби тендерот и беше поништен. На нашето барање за состанок за условно кажано за докажување на долгот, колку е за кој дел и зошто го бара тој износ, не сме имале никаков одговор, изјави Сали, по потпишувањето на Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост во Владата.

Во мај 2017 година тогашниот министер за здравство Никола Тодоров соопшти дека новиот Клинички центар во Скопје во вредност од 72 милиони евра ќе го градат двете најголеми македонски градежни компании „Гранит“ и „Бетон“, во соработка со италијанска компанија „Инсо системи“. Подоцна овој договор беше раскинат од неговиот наследник, Венко Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.